,,Лидл“ отвори 16 продавници во Србија


Во 12 градови во Србија, утрината во 8 часот, истовремено беа отворени 16 продавници на познатата германска трговска марка ,,Лидл“.

,,Лидл“ е најголем трговски бренд во Европа и нуди квалитетна и поевтина стока на пазарот, заради што е многу популарен кај потрошувачите. Тие во редици чекаа да влезат во продавниците.

На отворањето присуствуваше и српскиот претседател, Александар Вучиќ, кој порача дека е направен голем чекор во Србија со доаѓањето на Лидл, не само заради подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, туку и заради големите економски бенефити. Со доаѓањето на ,,Лидл“ се испраќа порака дека Србија е безбедна земја за инвестирање, рече Вучиќ.

Досегашната инвестиција на ,,Лидл“ е 250 милиони евра, но до крајот на годината ќе бидат отворени уште неколку продавници.

Вработени се 1.553 работници.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1