Коле Чашуле, Крсте Црвенковски, Мице Козар, Пецо Даскало… поради нив денеска го славиме 11 Октомври


Востанието се случило во периодот кога нацистичка Германија го достигнувала својот зенит, кога речиси цела Европа била под Хитлеровата чизма. Кога многу народи не ни помислувале на вооружен отпор, тоа се случуваше во Југославија и во Македонија. Народноослободителната борба беше автохтона, која произлезе од народот и беше наменета за народот. Ослободувањето на Македонија е дело на македонските воени единици, за разлика од некои други народи што чекаа други да ги ослободат, Македонците беа ослободители на своето, вели проф. д-р Марјан Иваноски, историчар во Одделението за НОВ и најнова историја при Институтот за национална историја Во интервју за Факултети.мк

Во нападот извршен на 11 октомври учествувале 16 борци од Прилепскиот партизански одред, кој броел вкупно 37 борци. Во нападот, меѓу другите, учествувале Мице Козар, Крсте Црвенковски, Благоја Корубин, Коле Чашуле, Душко Наумоски и др. Тоа биле млади луѓе, повеќето од нив биле во своите рани дваесетти години, а имало и помлади. Дел од нив, поради новонастанатата политичка состојба, морале и да ги прекинат студиите. Задоени со слободарски идеи и преголема љубов кон Македонија, свесно го зедоа оружјето в рака со единствена цел реализирање на идеалот на македонскиот народ за сопствена држава.

Сите биле членови на Комунистичката партија или на нејзината младинска организација зашто Комунистичката партија била единствена политичка структура што се залагала за национална и социјална рамноправност на македонскиот народ во рамките на Југославија. На денот на нападот немало загинати македонски партизани, повеќето од учесниците ја преживеале војната и подоцна по ослободувањето извршувале значајни функции, како Крсте Црвенковски и Коле Чашуле, а дел од нив, како Мице Козар, Пецо Даскало, Киро Ќососки и други, не дочекаа да ги видат плодовите на нивната борба.

Целото интервју прочитајте го на Факултети.мк

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1