Лифт се откачи во стамбена зграда во Скопје- во него имало мајка со дете


На 26.01.2019 година околу 15,00 часот А.В.(36) од Скопје пријавила дека на улица “Вангел Тодоровски” во Скопје, кога влегла во лифт во зграда заедно со нејзиниот малолетен син и го притиснала копчето за 3-от кат лифтот се откачил и паднал едно ниво.

Триесет и шестгодишна скопјанка е повредена откако се откачил лифтот во кој влегла заедно со нејзиниот малолетен син. Инцидентот се случил во саботата во зграда на улицата „Вангел Тодоровски“ во скопската населба Аеродром.

МВР денеска соопшти дека 36-годишната А.В. кога влегла во лифтот го притиснала копчето за третиот кат, но лифтот се откачил и паднал едно ниво подолу.

На А.В. и е укажана лекарска помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“ по што е пуштена на домашно лекување.

Извршен е увид на местото на настанот и известен е јавен обвинител.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1