Лимон, оцет и лак за коса: За враќање во живот на мебелот на тераса


Плетената гарнитура најдобро се чисти со сапун, пластиката ќе ја оживее малку избелувач, а детергентот за садови ќе помогне кај металот, додека малку лак за коса лесно ќе ја исчисти ‘рѓата.

Лимон, оцет и лак за коса: Револуционерно оживување на стариот мебелСонцето најмногу му штети на мебелот од трска – ќе го избледи, ќе го исуши и тој ќе почне да пука. За да делува ново постојано, може да го намачкате со лимонова кора, а најдобро ќе го исчистите со вода во која сте ставиле малку детергент и лимонов сок.

За чистење на плетениот мебел за во градина употребете мека четка за рибање. Натопете ја во мешавина од вода и хидратантен сапун и потоа исплакнете го мебелот со вода. За да не навлезе нечистотија во плетениот мебел, меѓу две миења со сапун редовно „туширајте“ го со чиста вода. Мебелот за градина изработен од алуминиум исчистете го со крпа која сте ја натопиле во мешавина од вода и детергент за миење садови.

Дамките и плитките гребаници отстранете ги така што ќе го исполирате мебелот со крпа натопена во мешавина вода и благо абразивен средство за чистење. Исперете го мебелот со вода.

How-to-Clean-Patio-Garden-Furniture-Plastic-FurnitureСо пластиката имате најмалку работа – се што ви треба се крпа, вода и сјај за миење садови. Ќе блеска ако го испрскате со WD 40 и ќе го избришете со сува крпа. Ќе послужи и избелувач, а доволно е да ставите половина шолја од него во четири литри вода. Со мешавината исперете го мебелот, а потоа исплакнете го со вода.

Прво детергент за садови, па оцет и на крај лак за коса

Најголем проблем на металниот мебел е ‘рѓата. Освен агресивните хемиски средства може да се отстрани со оцет, а потоа треба да се попрска со јак лак за коса. Мебелот од ковано железо исперете го со чиста крпа која претходно сте ја натопиле во мешавина од вода и детергент за садови. Потоа мебелот добро исплакнете го со вода.

365

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1