Потребно:
– 0,5кг лимон
– 2л вода
– 3 лимонтуси
– 2кг шеќер
Лимоните да се сомелат на воденица за месо. Кога ќе се сомеле,им се додаваат 2 лимонтуса и се става да отстои 24ч. Потоа се процедува, и во процедениот сок се става 2кг шеќер,1 лимонтус и 2л вода. Откако ке се стопи шеќерот. Сокот се флашира и по потреба се раствора.