Линдзи Лохан во моментов се наоѓа во лондонска болница, откако во нејзиниот организам беше откриен редок вирус кој тешко се лекува, а кој го закачи во Бора Бора. Според информациите на таблоидот TMZ, Линдзи го закачи вирусот чикунгуња.
Според информациите на таблоидот TMZ, Линдзи го закачи вирусот чикунгуња, кој се пренесува преку каснување од комарец. Овој вирус предизвикува треска, болка во зглобовите и замор
Линдзи го помина одморот на Бора Бора и потоа се врати во Лос Анџелес, каде што требаше да снима реклама.
Но, таа набрзо почна да се жали на болки. Актерката некако успеа да ја прослави Новата година во Лос Анџелес, но кога заминала во Лондон, таа веќе била болна до тој степен што не можела да зборува од интензитетот на болките.
Линдзи во моментов се наоѓа во болницата „Крал Едвард Седми“, во која се лекува и англиската кралица. Според изворите, Линдзи има висока температура и искусува неподносливи болки во зглобовите.
Што се однесува на прогнозите на докторите, тие сметаат дека болката во зглобовите може да трае и со месеци.