Урнебесно, но вистинито – Што не учат бабите, а што мајките?


Родителството е тешко, а целта е да се создаде млад човек, кој ќе биде продуктивен и вклучен во општествената заедница.

За разлика од тоа бабите имаат помалку ориентирана цел и не носат одговорност кога детето ќе направи нешто што не треба, затоа што тоа е работа на родителот. На бабата е најважно квалитетно да го помине времето во играње со внуците.babavnuka

Прочитајте ги животните лекции кои ги добиваме од овие две генерации:

Манири

Мајката: – Јади на маса. Седи правилно. Користи салвета.

Бабата: – Фрли ја крпата на кујнскиот под, да го наречеме тоа пикник.

Мајката: – Од какво семејство тој доаѓа.

Бабата: – Прашај ја мајка ти за момчињата со кои се забавувал пред да го запознае твојот татко.

Викенд

Мајката: Исчисти ја својата соба.

Бабата: Сабота е. Да останеме во нашите пижами со чинија пуканки и да гледаме филм. Колку пати сакаш толку.

Финансиско планирање

Мајката: – Ако сакаш да купиш скапи патики, мораш да се откажеш од половина од својата заштеда во наредните три месеци, а ние ќе ја платиме разликата.

Бабата: – Кој број носиш? Повели.

Упорност

Мајката: Не, не можеш да престанеш со часовите по пијано. Плативме за цела година.

Бабата: – Ти се обиде, не ти се допаѓа. Нема врска. Ајде да пробаме нешто друго.

Домашна задача

Мајката: – Јас можам да ти помогнам, но мораш да го разбереш ова сама. Проучувај.

Бабата: – Помножено, запирка, таму и таму точка. Сега ќе нарачаме пица.

Послушност

Мајката: – Не не послуша. Ние сме вознемирени и многу разочарани од тебе.

Бабата: – Не ме интересира што си напавила. Баба мисли дека си совршена.

Исхрана

Мајката: – Не, не можеш да јадеш десерт додека не ги изедеш сите брокули.

Бабата: – Се согласувам, брокулите се одвратни. Еве, земи колаче.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1