ВИДЕО Херој во Русија: Лекар скокнал од седми кат за да го спаси синот


Михаил Абросимов, 34-годишен хирург од Москва добил епитет на херој во Русија откако скокнал од седми кат за да го спаси својот четиригодишен син од станот во кој избил пожар.

Михаил и неговото семејство биле во своите кревети кога среде ноќ во нивниот дом избил пожар, предизвикан од неисправните светилки од новогодишната елка, пренесува „Раша тудеј“.563399_ruski-lekar-foto-twitter-onlinekpru_ff(1)

Тој се разбудил прв и се обидел да го изгасне огнот. Но, откако не успеал во тоа ја одвел својата жена Екатерина до скалилата на зградата и ја испратил кон излезот, а потоа се вратил по нивниот син Арсениј кој од страв  се сокрил во станот.

Кога го пронашол, огнената стихја го зафатила целиот стан, оневозможувајќи да излезе од вратата.

Михаил сфатил дека нема друг избор освен да скокне од прозорец од седмиот кат на зградата.

При падот тој го искористил својот горен дел од телото како воздушна перница за да го заштити синот.

Михаил и Арсениј паднале на тревникот пред зградата и во таа прилика се здобиле со тешки повреди а докторите велат дека двајцата ќе преживеат. Таткото е во тешка но стабилна сосотјба  и ќе му бидат потребни бројни операции за да закрепне.

– Донесол ризична одлука а инаку не би имале никакви шанси да се спасат – изјавила мајката на Михаил.

Пожарникарите од опожарената зграда евакуаирале повеќе до 20 луѓе. Неколку семејства биле хоспитализирани, а две жени починале од труење со јаглерод моноксид.

Приказната за таткото херој се прочула во Русија а многу луѓе му ја нудат својата помош на семејството Абросимов, восхитувајќи се на храброста на таткото.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1