Таканареченото „огледало на алкохолот“ е достапно како веб или апликација на smart phone која овозможува корисникот да вметне своја слика и количество на алкохол кое го консумира во текот на една седмица. По што ќе добие фотографија на која ќе види како би изгледал после 10 години, доколку продолжи да го внесува истото количество алкохол.
Оние кои не пијат не забележуваат значителни промени, но оние кои пијат имаат брчки, премногу црвени образи и менување на конструкцијата на телото.
Сепак тука се мисли на внесување поголемо количество алкохол, а не она стандардното, односно неколку чашки неделно кои ги внесуваме на прослави, излегувања или за своја душа.
Оваа кампања е направена во Шкотска кае процентот на зависници од алкохол е голем. Со оглед на ситуацијата во Шкотска, Владата би била пресреќна доколку успее да ги оттргне граѓаните од алкохолот, барем на два дена.
И вие може да проверите како би изгледале доколку пиете на следниот ЛИНК