Маж пукал во градинка во Русија


 Маж отвори оган врз градинка во градот Салават, во јужниот дел на Русија, по што припадници на руската полиција упаднаа во неговиот стан и го убија, соопшти полицијата. 
PuskaНапаѓачот, на возраст од околу 50 години, испукал неколку куршуми од ловечка пушка од прозорецот на својот стан во градот Салават, и го скршил прозорецот на спортска сала во која си играле деца. Од нападот наставничката е полесно повредена, јавија руските медиуми.
Рускиот информативен сајт „life.ru“ наведува дека прозорот на спортската сала бил погоден од шест куршуми, од кои еден завршил во стомакот на наставничката додека се обидувала да ги изнесе децата надвор од салата.
Директорката на градинката итно ја информирала полицијата за нападот, а жителите на соседните згради биле евакуирани.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1