Лисици на рацете – вака изгледаше Субрата Рој при апсењето (ВИДЕО)


Индискиот бизнисмен Субрата Рој најверојатно ќе остане во притвор до 4 март кога треба да продолжи судскиот процес против него. Врховниот суд вчера одби да расправа за барањето на Рој да се повлече налогот за негово апсење, според кој не е возможно ослободување со кауција до судењето.

01subrataroy-newbig-494x272Во своето писмено обраќање до јавноста индискиот бизнисмен нагласува дека се предал самиот и оти не ги послушал „оние кои му мислеле добро“ и го советувале да се пријави во болница за да го избегне апсењето, затоа што „не сакал да прави таква драма“.

Индиските власти го гонат бизнисменот за измама на илјадници ситни акционери преку две негови компании и нанесена штета од речиси 4 милијарди долари. Индиското регулаторно тело СЕБИ доби дозвола од судот да го продаде имотот на компаниите за да врати дел од парите.

Еве како изгледаше спроведувањето на Субрата Рој со полициска придружба:

Faktor.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1