Се враќа ли Студената војна – тензично меѓу САД и Русија за Украина


Американскиот сенатор Џон Мекејн денеска оцени дека испраќањето руски вооружени сили во Украина може да значи само едно- враќање на Студената војна.

obama putinСенаторот од Аризона и некогашен кандидат на Републиканската партија за претседател ова свое мислење го изнесе во налог на Твитер, пренесуваат руските медиуми.

Горниот дом на рускиот Парламент денеска едногласно го поддржа барањето на претседателот на Русија, Владимир Путин, за испраќање руски вооружени сили во Украина за стабилизација на ситуацијата.

Новите власти во Киев бараат од НАТО да го разгледа користењето на сите можноста за одбрана на територијалниот интегритет на Украина и нејзиниот народ, објави ноќта кон неделата привремениот министер за надворешни работи Андреј Дешчица, додека рускиот премиер Дмитри Медведев во телефонски разговор со украинскиот колега Арсениј Јанцејук го уверувал дека Русија не донела одлука за испраќање војска во Украина, туку дека тоа се само веројатна можност за заштита на нејзините граѓани.

Киев ја подигна борбената готовност на украинската армија и ја повика меѓународната заедница да ја заштити нејзината територијална целост, сметајќи дека најавениот референдум за иднината на Крим што треба да се одржи на 30-ти март, може да резултира не само со барањето за враќање на автономијата на оваа историски руска област, туку и со одлука за отцепување од Украина.

Претходно во саботата руското министерство за надворешни работи потсети дека повеќепати во текот на тримесечните масовни протести ги предупредувало западните политичари, вклучително и оние од САД, дека ги поттикнуваат украинските радикали и ултра националисти на насилна промена на власта во земјата со што ескалираше кризата во Украина. Руската дипломатија повторно потсети дека за време на безредијата во Киев на Плоштадот на независноста, постојано се појавуваа министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО и ЕУ, како и високи дипломати од САД, пренесува руската агенција РИА Новости.

Тензиите во Автономната Република Крим, каде што Русите сочинуваат 58 отсто од населението, се зголемија откако новите власти во Киев го укинаа законот за јазиците на малцинствата со кој службен јазик во регионите стануваше јазикот кој се зборува од над 10 отсто од локалното население, како и од најавите на централните власти за распуштање на регионалните и повикот за тоа од страна на кримските Татари кои ги има 12 отсто од тамошното население.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1