Листа кои парфеми се штетни – повеќе отрови има во скапите отколку во евтините


poison-540x650

Направени се анализи кои покажале дека голем број на светски познати брендирани парфеми, од „Britney Spears’ Curious“ и „Hannah Montana Secret Celebrity“ до „Calvin Klein Eternity“ и „Abercrombie & Fitch Fierce“, содржат штетни хемикалии кои можат да предизвикаат алергиски реакции или нарушување на хормоните, поради тоа што истите содржат голем број на супстанци, кои не се оценети позитивно од страна на инспекцијата на индустријата за убавина.

Студијата на скриените токсични хемикалии во парфемите се појавила по извештајот на претседателот на „Cancer Panel“, кој алармирал за големиот број на токсични хемикалии во парфемите, кои луѓето ги користат во секојдневниот живот.

Во ваквиот извештај било забележано и препорачано ваквите производи да не ги користат бремените жени, поради изложувањето на попреченост во хормоните, што може да предизвика и рак.

Анализата открива дека голем број на брендирани миристи, како „Chanel Coco with 18“, „Britney Spears Curious“ и „Giorgio Armani Acqua Di Gio with 17“, содржат тајни хемикалии кои не се наведени во етикетите, поради дупка во федералниот закон, кој им овозможува на компаниите да ги задржат како тајна, состојките, од кои истите ги произведуваат ваквите производи.

Во некои од парфемите биле утврдени десет сензибилизирачки хемикалии, поврзани со алергиски реакции, како што се астмата, отежнатото дишење, главоболката и контактен дерматитис.

2010-fragrance-graph1„Giorgio Armani Acqua Di Gio“, содржи 19 различни сензибилизирачки хемикалии, повеќе од кој друг производ во студијата.

Парфемот на Џенифер Лопез содржи седум различни хемикалии со потенцијал да го наруши хормонскиот систем. Некои од парфемите се опасни по тироидната жлезда и можат да предизвикаат рак.
Голема опасност од ваквите парфеми е веројатноста истиот да се акумулира во човечките ткива. Федералната влада за ваквите наоди има мал број на информации.

2010-fragrance-graph2

Прехрамбрената и Лекарската администрација не ги има сите потребни информации за тајните состојки на овие продукти. Ниту пак повеќето од истите се проценети од страна на безбедниот преглед на асоцијацијата за Меѓународни мириси или некоја друга одговорна институција.

Тајноста на создавањето на мирисите претставува огромна дупка во федералниот закон донесен уште во 1973 година, со кој на компаниите им ја бара листата на состојките на производите освен за парфемите. Искористувајќи ја оваа предност, козметичката индустрија ги прикрива состојките од јавноста, дури и кога истите тие можат да бидат потенцијално штетни по здравјети и телото на човекот.
Во производите на Џенифер Лопез и Хали Бери, биле пронајдени шест хемикалии кои го емитираат хормонот естроген, а седмиот е поврзан со тироидната жлезда. Некои од овие хемикалии биле наведени на етикетата на производот, а некои не.

Еве некои од најчестите состојки:

warning_dangerous_fumes2-Amylcinnamaldehyde-Ги надразнува очите, респираторниот систем и кожата
-Pinene-sensiizer- со негово вдишување се изложувате ризик поврзан со иритација на дишните патишта.
-Terpienol- Може да атаксија, главоболка, депресија на централниот нервен систем.
-Benzaldehyde- штетно е ако се проголта, а на негова изложеност може да предизвика болки во грлото, осипи и болка во очите.
-Benzophenone-Нарушување на хормоните и тироидната жлезда
-Бензил ацетат – канцероген, најверојатно прочина за рак на панкреасот
-Бензил алкохол- причина за главоболка, гадење, вртоглавица
-Бензил бензоат- Нарушување на хормоните
-Бензил cinnamate – Надразнување, опасно по животната средина
-Бета салицилат – Нарушување на хормоните
-Бета ionone – Можен канцероген
-Butylated hydroxytoluene – Нарушување на хормоните и тироидната жлезда, можен канцероген
-Cinnamyl алкохол ја надразнува кожата и очите
-Кумарин-канцероген – токсичен за црниот дроб и бубрезите, се користи и за убивање на глодарите, честа состојка и во цигарата и тутунските производи
-Диетал фталат – предизвикува абнормален развој на репродуктивните органи кај машките бебиња.
-Етанол-предизвикува нарушување на централниот нервен систем
-Етил ацетат – наркотичен
-Формалдехид – предизвкува загадување, канцероген, отежнато дишење, алергиски реакции и црвенило на кожата.

Toxic_50mlПостојат уште многу други хемикалии во парфемите кој во моментот кога ќе ги испрскаме, дел од нив ги вдишуваме, а дел од нив се акумулираат во телото.
Голем дел на производи кои се користат секојдневно, како што се шампони, лосиони, производи за нега и хигиена, спрејови, освежувачи на воздух и детергенти за миење на садови, содржат миризливи испарливи состојки.
Еве дел од листата на парфеми кои содржат високо ниво на отрови, кои можат да предизвикаат рак, мигрена главоболки, дерматитис, респираторни болести, хормонални нарушувања и органски откажувања.

Abercrombie & Fitch Fierce
American Eagle Seventy Seven
AXE Bodyspray For Men – Shock
Bath & Body Works Japanese Cherry Blossom
Britney Spears Curious
Calvin Klein Eternity (for men)
Calvin Klein Eternity (for women)
Clinique Happy
Coco Mademoiselle Chanel
Dolce & Gabbana Light Blue
Giorgio Armani Acqua Di Gio
Halle by Halle Berry
Hannah Montana Secret Celebrity
Jennifer Lopez J. Lo Glow
Old Spice After Hours Body Spray
Quiksilver (for men)
Victoria’s Secret Dream Angels Heavenly

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1