Случајот со опасната бактерија листерија од која се разболеа десет луѓе од кои четворица почнаа, се’ уште е без разврска. И покрај тоа што се поминати околу три месеца од кога беше обелоденет овој случај, здравствените власти се’ уште ги чекаат резултатите од суперанализата кои се прават во референтна лабораторија во странство, пишува Утрински.
Со неа требаат да се расчистат дилемите дали има листерија во вакуумираниот свински врат на кумановска компанија „Екстра-меин“. Посебно што анализите на велешкиот центар за јавно здравје покажаа дека во овој сувомеснат производ имало листерија иста како онаа кај болните, додека испитувањата на Ветеринарниот институт не покажаа присуство на опасната бактерија.
„Анализите се испратени во странска лабораторија и се’ уште се чекаат резултатите“, велат од Министерството за здравство.
Се’ уште нема ништо ново и од кривичната пријава против непознат сторител што до јавното обвинителство ја поднесе Министерството за здравство кога изби аферата.