Лицата со инвалидски колички со барање до Собранието – да не им ги одземе потребните средства


• ПОЧИТУВАНИ!
Седница бр.60 на Собрание на Р.Македонија, закажана на 13.05.2013 год. во 11:00 часот имате
Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита – I читање,
Член 11
Членот 84-а се менува и гласи:
„ Правото на додаток за слепило се обезбедува за потполно слепо лице со
навршени 26 години, а правото на додаток за мобилност се обезбедува за лице со навршени 26 години, со 100 % телесен инвалидитет коешто самостојно користи инвалидска количка или со умерени, тешки и длабоки пречки во менталниот развој коешто користи инвалидска количка со придружник, поради создавање на услови за изедначување на нивните можности за вклучување во секојдневниот живот во заедницата на овие лица.
Месечниот износ на додатокот од ставот 1 на овој член изнесува 7.000 денари, усогласен со порастот на трошоците на живот за претходната година, објавени од Државниот завод за статистика, во јануари за тековната година и истиот се обезбедува од Буџетот на Република Македонија.
Лицата од ставот 1 на овој член неможат да остварат право на додаток за слепило или мобилност, ако користат право на цивилна или воена инвалиднина, согласно закон.
Правото на додаток за слепило или мобилност престанува ако корисникот со решение на центарот е сместен во установа, загрижувачко семејство, мал групен дом или организирано живеење со поддршка.
—————————————————————
invalidska kolickaБи сакале да Ве замолиме да размислите за спроведувањето на овие измени , бидејќи со тоа нас повозрасните количкаши целосно не деградирате и изолирате. Тоа што сме народски кажано без нозе и раце, незначи и дека сме ретардирани и немаме потреба од нормална комуникација со пријатели, да се дружиме, духовно нахрануваме, посетувајќи ги културните институции и настани во градот од кој сме оддалечени 15 км во еден правец.

Отстранети сме од цивилизацијата и затворени во еден лавиринт. Овие 7 000 ден многу ни значат, зошто со нашите електромоторни колички да се транспортираме до градот со комбе кое е прилагодено за инвалиди ни тебаат 500 ден. во еден правец. Со месечните примања од кои и партиципираме во установата, а и ги задоволуваме нашите потреби со облека, поправка на електромоторни колички, хигиенски средства, плаќање интернет ,не сме во можност да си дозволиме излегување в град.

Дали е доволно на човек со здрав ум да му се даде само храна и да биде затворен во 4 ѕида. Колку се хумани овие закони, за каква интеграција се мисли кога се зборува на трибиние посветени за телесните инвалиди. Дали има некој подобро што ги знае нашите потреби или инвалиди од надвор кои имаат се , добро ситуирани и поподвижни од нас знаат се повеќе од нас и тие се нашите гласноговорници. Се повикуваме на Вашата стручност и совест како човек подетално да размислите: Дали ќе ни го отворите хоризонтот или конечно ќе не изолирате од нормалната цивилизација.

Интегрално писмо

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1