Лондон сака да му забрани влез на Доналд Трамп – за пратениците тој е будала, идиот и агресивен!


Во британскиот Парламент тричасовна расправа во врска со тоа дали на републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп треба да му се забрани влез во Велика Британија. Пратениците дебатирале околу петицијата, која е потпишана од 574.000 граѓани, по повикот на Трамп да им се забрани на муслиманите влез во САД.tramp

Во текот на дебатата во која се нафрлуваа аргументите за забраната на влез на Доналд Трамп во земјата, пратениците не штедеа погрдни зборови за републиканскиот кандидат. Поголемиот дел од нив сметаат дека забраната е тотална спротивност од слободата на говорот и претставува ризик од него да се направи “маченик”.

Според голем дел од пратениците, би требало да му се дозволи влез за да може јавно да се дискутира  за неговите ригорозни ставови и патем да се демантира неговата изјава  дека треба да се забрани влез на сите муслимани во Америка.

– Би сакал да го видам Трамп да дојде во земјава. Сакам да почувствува бес и фрустрација поради ксенофобичната изјава, вели Гејвин Робинсон, пратеник од Северна Ирска.

Лабуристот Џек Дроми го нарече Трамп “Будала”.

Ова беше симболична дебата, по што пратениците не гласаа и не донесоа заклучок.

Тие дискутираа откао 574 000 граѓани се потпишаа на петицијата за да му се забрани влез во Британија, откако тој побара забрана на муслиманите.

Портпаролот на Трам за оваа дебата вели дека е “апсурдно трачарење”.

Инаку, Трамп ја даде изјавата за  забрант влез на муслиманите во САД откако беа убиени 14 луѓе во Калифорнија во декември.

Според некои анкети, Трамп во моментов води сериозно во трката за номинација на Републиканската партија, на американските претседателски избори.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1