Седум европски држави го суспендираа Шенгенскиот договор


Европската комисија денеска ја потврди вчерашната најава на австрискиот канцелар Вернер Фајман дека Австрија донела одлука за суспензија на Шенегенскиот договор за слободно движење на луѓе во рамките на ЕУ до февруари годинава.

– Со ова вкупно седум земји-членки на Европската унија воведоа гранична контрола во рамки на Шенген зоната – изјави денеска портпаролот на Еврокомисијата, Наташа Берто.eu-passport-world-map-23581885_thumb_medium500_370

Берто потсети дека претходно, согласно одредбите на Шенгенскиот договор за преземање мерки во „вонредни услови“, Шведска, Данска и Норвешка вовеле надзор на границите, а слични мерки ма гранична контрола презеле и Австрија, Франција, Германија и Малта.

Словенечките медиуми објавија дека и Владата во Љубљана планира да воведе контрола на пасошите и проверка на идентитетот на лицата што доаѓаат на границите на Словенија.

Одлуките за суспензија на Шенгенскиот договор во седум земји и можното слично решение на Словенија, според италијанските медиуми, предизвикува загриженост на Владата во Рим, бидејќи во таков случај имигрантите и бегалците кои ќе стигнат во Италија би можеле да останат на нејзина територија.

Дополнително стравување во Рим предизвикува и одлуката на Германија да ја забрза постапката за разгледување и отфрлање на барањата за азил на имигрантите од Севрена Африка што во најголем број пристигнаа во ЕУ преку Италија. Согласно правилата на ЕУ, Германија во таков случај би можела тие имигранти да ги депортира во земјата преку која влегле во ЕУ.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1