Пејачката Џенифер Лопез добила тужба од 150.000 долари откако на Инстаграм објавила своја фотографија, со која се пофалила дека имала убав ден.
Оваа нејзина постапка воопшто не му се допаднала на авторот на фотографијата Мајкл Стјуарт, кој ја фотографирал ѕвездата во јуни.
Имено, тој се жалел на прекршување на авторските права со тоа што Лопез или некој од нејзиниот тим го направиле ова без негова согласност.