Бугарскиот претседател Радев: Не се согласувам со името „Северна Македонија“


За бугарскиот претседател Румен Радев, активностите на бугарската Влада во однос на интеграцијата на Западниот Балкан одат пребрзо и на штета на неговата земја. Проблемите наталожувани со векови тешко можат да се решат за шест месеци, изјави Румен Радев, претседателот на Бугарија за Дарик радио .

– Брзината со која владата го потпиша договорот за добрососедство со Македонија без да се зборува и со Грција и без внатрешен консензус, практично беше за слава – вели Радев.

Тој објасни дека како претседател на Бугарија не се согласува со името „Северна Македонија” и посочи дека ако Бугарија имаше посериозна позиција, сега бугарскиот премиер ќе беше номиниран за Нобеловата награда за мир заедно со Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1