До вторник ќе се поднесуваат барања за амнестија за случувањата во Собранието на 27 април


До вторник обвинетите за настаните во Собранието од 27 април минатата година можат да доставуваат барања за амнестија до скопскиот Кривичен суд. Тие од петокот почнале да ги доставуваат барањата до Кривичениот суд.

Барањата обвинетите можат да ги доставуваат до Судот лично и по пошта. По истекотна на рокот за поднесување на барањата, Судот и Обвинителството ќе имаат рок од пет дена за да одговорат кој ќе биде помилуван, а кој не.

Согласно Законот, амнестијата нема да ги опфати организаторите, лицата кои извршиле физичко насилство, кои носеле оружје, како и службените лица кои ги пречекорите службените овластувања.

Секој од обвинетите за „27 април” има право да поднесе барање за амнестија, ако смета дека ги исполнува условите пропишани со Законот.

За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1