Над 3000 лица од речиси 700 домови мораа да бидат евакуирани поради огнената стихија која што го зафати северниот дел од Лос Анџелес.
Евакуираното население дури до понеделник, а можеби и вторник нема да биде вратено во своите домови.
Пожарот зафати површина од 40 квадратни милји, а досега изгореа шест куќи, додека 15 се во опасност.