Последната желба на Бранко


Традиција во опозициската СДСМ е новиот лидер да му подари на својот претходник подарок каков што тој ќе посака, нешто слично на последна желба пред заминување.

laDA otporДосега вообичаено се подарувале уметнички слики или некој сличен симболичен подарок, што би се рекло „да се направи редот“, но Бранко Црвенковски, наводно, од својот наследник Зоран Заев посакал да ја добие ладата – џипот симбол на „Отпорот“, пишува Бриф.

Овој навидум застарен и веќе не толку популарен модел на автомобил беше една од најгласните и најпрепознатливите опозициски пораки кон Владата на Република Македонија пред локалните избори, прошета низ цела република водејќи го зад себе опозицискиот „Отпор“, оној кој што стана најактуелен во Македонија по т.н. „Црн понеделник“ и настаните во и околу Собранието.

Секоја вечер „отпорашката“ лада беше во центарот на опозицискиот фронт, а сега Црвенковски ја посака за себе.

Пораката е јасна, Црвенковски заминува, но…

Бриф.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1