ЛОТО скандал: Оставка на директорот на лотаријата, вработените на полиграф


Директорот на Државната лотарија на Србија (ДСЛ), Александар Вуловиќ поднесе оставка од „морални причини“ , додека вработените во лотаријата биле подвргнати на полиграфско испитување, јави локалните медиуми.

Информацијата за оставката на Вулиќ, која ја пренесе телевизијата Н1, уследи два дена по последното извлекување во играта „Лото“, кое предизвика сомневање во јавноста во регуларноста на играта.loto skandal

Од Државната лотарија на Србија наведоа дека се било апсолутно регуларно и дека проблемот со извлекувањето на броевите и нивниот приказ за време на ТВ преносот бил од графичка природа, а немало проблем за време на извлекувањето.

Обвинителството најави дека ќе го истражи целиот случај.

Како што дознава Б92 неколку лица од лотаријата кои биле задолжени за организација и извлекување на 59-тото коло од играта на среќа Лото биле на полиграфско испитувања и сите го „минале“полиграфот.

Министерот за полиција Небојша Стефановиќ потврди дека шест лица биле сослушани во врска со сомневањата во регуларноста на извлекувањето и најави дека ќе бидат сослушани уште шест лица.

Стефановиќ информираше запленетата компјутерска опрема и топчињата ќе бидат дадени на вештачење.

Сомневањата во регуларноста на извлекувањето предизвика моментот кога во директниот ТВ пренос, по извлекувањето на три броеви (4,33,12), наместо извлечениот четврти број по ред, бројот 27, на екранот беше испишан бројот 21.Набргу на екранот се појави и петиот број 27, а компјутерот веднаш го пресмета бројот на добитници со пет броеви, а дури потоа од барабанот беше извлечен бројот 21.

Вуловиќ вчера на прес конференција се правдаше дека сѐ се случило поради човечки фактор.

„Наместо да го внесе бројот 27, лицето го внело бројот 21. Во тој миг, веројатнос огледувајќи што има направено, го внесол бројот 27. Значи го внесува бројот на топчето кое излесе. Потоа, по игра на случајот, велам, според некои закони на веројатноста, постоеше можноста да излезе топчето 21 и тоа се случи. Ако мене ме прашувате, тука нема ништи чудно“, рече Вујовиќ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1