Професионален убиец ги ликвидрал мајката и синот- сите сијалици во куќата биле одвртени


Сите светилки биле одвртени на спратот во куќата каде во скопско Козле, пред два дена беа убиени мајка и син, турски државјани.

Истрагата утврдила дека убиецот делувал во мрак кога 29-годишниот Самет С. се вратил од излегување.Полицијата се сомнева дека на тој начин убиецот сакал да добие во време или пак биде сигурен дека ќе биде темно кога ќе го изврши убиството. Мајката и синот од Бурса, Турција биле убиени со по еден куршум во главата, а врз нивните тела било истурено брашно. Од кои причини и која е симболиката ќе покаже истрагата.kozle_ubistvo_thumb_medium500_380

Според изјавата на сопругата на сега покојниот Самет Селџук, младиот брачен пар не бил дома до 1:30 часот по полноќ. 29 годишниот Селџук бил застрелан додека се пресоблекувал, директно во главата, по што паднал до креветот каде најверојатно веќе лежела мртва неговата мајка, исто така убиена со истрел во главата.

Првичните претпоставки се дека прво била убиена жената, а потоа убиецот скриен во темница го чекал нејзиниот син.

Истрагата претпоставува дека станува збор за професионален убиец кој дошол пешки до местото на злостортсвото.

На телото и на устата на убиениот е најден бел прав сличен на брашно.  Според исказот на пријавителот никој не слушнал ништо. Констатирано е дека вратата не е насилно отворена, но била пронајдена отворена.

Засега се знае дека убиениот Самет С. (29) пред неколку месеци стапил во брак со ќерката на 57-годишниот Н.А. кој е сопственик на куќата во која двајцата се убиени.

На вештачење во полицијата е однесен автомобилот „БМВ“ со кој на 20-ти месецов турските државјани влегле во Македонија. Во автомобилот со нив бил и братучед на убиениот кој по една недела престој кај сватовите, побарал да му повикаат такси до скопскиот аеродром бидејќи морал итно да се врати во Турција, по што си заминал.

Убиените, пак, според неофицијални информации воделе удобен живот, а не работеле нешто. Македонската полиција се уште ги чека информациите од турските колеги кои ги проверуваат починатите лица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1