Лото: Србин дал 250 динари, добил 2,7 милиони евра


Новиот лото милионер во Србија освоил 292,276,860 динари откако на уплатил само 240 динари, односно заокружил само 4 комбинации.


Првата комбинација на ливчето му донела милионска премија, додека веќе во втората имал само „тројка“ која вртоглавата добивка му ја зголемила за додатни 60 динари. Добитникот од Прибој, станал 60-от јубилеен српски „Лото“ милионер и четврт добитник на „седмица“ годинава.

Среќата да станат добитници на најпосакуваната премија, пред него ја имаа 59 граѓани од сите делови на земјата.

Најсреќни биле Белграѓани, дури 28, додека од Ниш славеле само тројца.
Рекордер во висината на износот на „седмица“ и понатаму останува добитниот тикет од март 2010 година кога среќникот заработил дури 4,8 милиони евра.
Повеќемилионска седмица е забележана во април 2005 година кога добитник од Стара Пазова стана побогат за 3,967,626 милиони евра, како и во јули 2006 година, кога најсреќниот Белграѓанин освои 2,219,530 милиони евра.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1