80 килограми месо од елен и дива свиња, полицијата и инспекторите за лов затекнале во возило Лада нива, сопственост на „Македонски шуми“ и во просториите на шумската кукичка на Осогово, по претходно добиените сознанија за извршен нелегален лов на корисен дивеч на падините на Осоговието.
По проверката и приведување на возачот, надлежните се упатиле до шумската куќичка во местото викано Пасаџиково. Во куќата го затекнале ловочуварот, 58 – годишниот В.М. од Кочани. При проверка, надлежните откриле 35 килограми месо од дива свиња, спакувано во најлон вреќи. Ловочуварот и возачот на џипот се приведени, а месото запленето.