Ловеле глувче дома – фатиле стаорец голем колку мачка (Фото)


Стаорец со тело долго 40 сантиметри  во Шведска. Џиновскиот стаорец го нарекоа со право “Стаорзила“ бидејќи мерен со опашката е повеќе од половина метар долг.

2stakorВо куќата на шведско семејство се “доселил“ така што ископал тунел низ бетонот и дрвото и стигнал во кујната каде се хранел со остатоците од храна.

Се вгнездил зад машината за перење садови која почнала да им тече бидејќи го изгризал цревото.

Главата на семејството Ерик Корсас вели дека се посомневале дека имаат глувче кога нивната мачка не сакала да чуе да влезе во кујната.

Домаќините спокојни мислеле дека имаат работа со некое глувче и решиле сами да го решат проблемот.

 

pacov-2

,, поставивме две три мали стапици но ништо не се фати. не ни знаевме што имаме се додека не го извадивме еден ден ѓубрето за да го фрлиме. Тој тогаш претал низ него барајќи храна, а кога  го видов од страв се качив на маса, признава домаќинката.

Викнале и истребувачи кои поставиле поголеми замки и сите биле во чудо кога штакорот се фатил на замката но таа се скршила од дебелината на неговиот врат.

Тој изгегал во паника, но се заглавил под еден дрвен елемент и се загушил.

Кога го извадиле се сликале со него и станаа хит на социјалнит

Имено како вирус се проширила веста по сајтовите за џиновскиот стаорец и се нижеле коментари меѓу кои имало и такви полни со неверување, дека можеби стаорецот е зголемен во фотошоп.

-Имаше и такви коментари дека луѓе што ги виделе фотографиите потоа не можеле да заспијат. Токму така ни беше и нам додека не го фативме – вели Корсас.

pacov-2

pacov-3 2stakor

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1