Љубе Бошковски добил дозвола да излезе од затворот за да присуствува на погребот на неговата мајка.
,,После големиот притисок, се изборивме сите заедно за Љубе Бошкоски утре да биде присутен на погребот на својата мајка,, напиша Мери Николова на нејзиниот профил на Фејсбук.
Таа соопшти дека Бошкоски ќе биде во присуство на спровод во цивил и ќе добие излез од Идризово од 06 до 18 часот.