Илијанекс Моралез од Њујорк на која љубоморниот и посесивен партнер и’ зададе повеќе од сто убоди со нож по целото тело и’ го унакази лицето и речиси и’ ги отсече рацете и главата, доби ново лице благодарение на хуманоста на пластични хирусзи од организацијата „Фејст ту фејс“.
Со низа пластични операции кај Моралес биле отстранети големите лузни на лицето и на вратот.Фејс ту фејс е хуманитарна организација на Американската академија за фацијална, пластична и реконструктивна хирургија, каде хирурзите бесплатно го донираат својот труд за да им помогнат на жените жртви на насилство.