Видео: Снимки од пожарот во центар на Скопје – изгоре пицерија, дуќан и куќа


POZARR

Како што претходно објавивме – Голем пожар на улицата Ленинова во центарот на Скопје рано утринава проголта пицерија, дуќан, куќа, а зафатил и дел од фасадата на зградата која е во непосредна близина.

Очевидците за MKnews.MK велат дека пожарот пламнал одеднаш во 04:55.

Прво густ црн чад почнал да се шири од пицеријата и набрзо зафатил и електрични столбови во негова близина што предизвикало и краток спој кој дополнително го разгорел огнот, а и ги одтави без електрична енергија околните објекти. Пицеријата комплетно изгорела, а зафатени биле и куќа и дуќанот кој се веднаш до неа.

Пожарната екипа стасала на местото за 8 минути но оганот веќе целосно ги проголтал овие објекти и почнал да се шири на фасадата на зградата.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1