Нарекувајќи се себеси „lion whisperer“, Кевин Ричардсон е единствен човек кој има посебна комуникација со најголемите африкански предатори и тоа на начин кој за многумина би бил неверојатен.
Јужноафрикански зоолог успеал да пресели 27 возрасни лавови од еден резерват во друг, служејќи се само со едно комбе. За само неколку месеци сите лавови биле сместени во ново опкружување во Преторија, а единствен кој претрпел трауми поради преселувањето бил семејното куче.
Откако своите лавови ги преместил и сам станал привремен член на нивниот чопор, без страв од повреди со нив се гали, дружи и бори.
Во 15 години работа има само благи гребнатинки, иако тој на лавовите им дозволува да го лижат по лицето и им ја става раката во нивната уста. Но, како успева во сето тоа?
Тој тврди дека своите лавови лично ги познава и разбира што ги прави среќни, а што тажни и нервозни. „Открив дека сите лавови имаат способност да покажат приврзаност. Како и кај одгледувањето на деца, најдобрата врска се воспоставува кога се многу млади.
Ги запознав Тау и Наполеон кога имаа шест месеци и развивме близок однос“, вели овој неверојатен човек.
Овие два лавови јуни ќе наполнат 16 години, а доколку пораснеле во дивината, најверојатно веќе би биле мртви поради ловокрадците.