(Видео) Лудило на „Ohrid Calling“ – Стив Аоки  го вееше македонското знаме, а публиката ја почести и со торта


Ohrid Calling продолжува да се подобрува секоја година. Неповторливо и незаборавно фестивалско искуство за сите кои присуствуваа на овогодинешните концерти.

Вчеравечер славниот американски диџеј и продуцент Стив Аоки направи концерт за паметење.

Салата беше преполна, карти немаше ни за лек, а оние кои беа дел од овој спектакл поминаа незаборавна вечер. Освен забавување со неговите хитови и уживањето во специјалните ефекти, Аоки го вееше и македонското знаме, а публиката ја почести и со торта 🙂

Фестивалот на електронската музика, што го организира „Авалон продукција“,  се одржa од 31 јули до 3 август во охридската касарна.

Како други главни ѕвезди во четирите фестивалски вечери беа и хитмејкерот Jonas, динамичната и заразна продукција на Morten кој во моментов се наоѓа на врвот од неговата кариера, лудата енергија на Salvatore Ganacci.

А покрај нив, на овогодинешниот лајнап настапија и вкупно 17 диџеи, меѓу кои и неколкумина домашни.

На 4ти август, Авалон Продукција заедно со интернационалната музичка програма Тelecom Electronic Beats ќе организира официјално closing party на Ohrid Calling 2023 со извонредната Аmelie Lens!

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1