Лудило во ВЕВЧАНИ – Еве кој се најде на мета на шегобијните маскирани василичари


Милитантната терористичка организација Вевчански- ИСИС, прислушкувањето и странските разузнавачки служби, тајната фабрика за лични карти, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева со тимот, професорката Тања Каракамишева…, беа највпечатливите маски на овогодинашниот Вевчански карневал.

ФОТО: МИА

ФОТО: МИА

Покрај традиционалните зет, невеста, ѓаволите и глупавите Август, низ вевчанските улици се исмејуваа и актуелните политички случувања, кои ја одбележаа годината што измина, владини проекти, опозициски гафови. Не помалку внимание привлекоа и маските на познатиот светски готвач Џејми Оливер, чудовишта, вампири, пекари, слаткари…, а не изостанаа и шегите за „облечените“ палми и македонската мисица Дунавка Трифуновска.

Фото:Охрид1

Фото:Охрид1

 

Многубројните гости повторно ја доживеаја 15 вековната магија, во која вевчанци ги отсликуваат своите видувања на настаните што ја одбележаа реалноста во земјава и светот. Тие уживаа во шегите, довикувањата, ведриот дух и позитивната енергија на квасиличарите. Карактериситчно за манифестацијата е што никој никому не се лути, бидејќи ова се денови на мајтап во Вевчани.

 

По дефилето, двете василичарски друштва Горна и Долна маала ќе ги посетат вевчанските семејства со желби за среќа и бериќет. Во утринските часови традиционално, според обичаите ќе одат на Вевчанските извори да наполнат вода со која се прави вевчанскиот кашаник во кој се става паричката. Присутните вечер ќе ги забавуваат Есма Реџепова и Наум Петрески. На полноќ ќе има пет минутен огномет. Настап ќе има и вевчанецот Перо Пешиновски.

 

Според традицијата, Василичарите утре околу пладне доаѓаат во центарот на Вевчани каде што ги играат василичарските ора. Манифестацијата ќе заврши со традиционалното палење на маските во центарот на Вевчани, некаде околу 17 часот, со што се верува дека се ослободуваат од злото и годината ќе им биде среќна и бериќетна.

 

Вевчанскиот карневал, кој датира од настанокот на Вевчани, со традиција од околу 15 века симболизира два паралелни света, едниот му припаѓа на пагнаството, а другиот на христијанството. Задолжителни елементи се зетот и невестата кои се симбол на плодноста и продолжувањето на семејството, двата ѓавола, кои олицетворение на злото и двајцата глупи Августи кои ги штитат од злото. Со манифестацијата се одбележува христијанскиот празник Св. Василиј Велики или доаѓањето на новата година по стариот, Јулијанскиот календар. БиБиСи минатата година Вевчанскиот го прогласи за најдобриот пагански карневал во светот.

 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1