Хорор во Загреб: Растроен маж тепаше луѓе во трамвај (ФОТО)


Вистински хорор преживеаја патниците на трамвајот број 12 кој сообраќа низ Загреб во вторникот попладне кога беа мета на растроен маж.rastroen-maz-tramvaj-640x316

Благодарение на брзо испратениот повик за помош, полициско возило му го попречи патот на трамвајот пред загребска Цибона, а полицајците му ставија лисици на здивениот патник. Во целиот метеж три лица се повредени.

-Влезе во трамвајот и почна по ред да ги удира патниците со тупаници и со нозе како некој манијак. Не делуваше пијано туку растроено. Полициско возило му го попречи патот на трамвајот, а полицајците влегоа и го опкружија мажот за да не им побегне. Преговараа со него 5 минути, вели патничка од трамвајот.

Една од патничките што била мета на насилникот била тинејџерка.

-Целата лева страна од лицето и беше модра, а носот крвав. Вториот пвореден патник не излегуваше од трамвајот додека не стигна итната помош. Седеше и плачеше. На третиот повреден крв му течеше од увото. Жалосно е што се случуваат вакви работи среде бел ден, вели друга патничка, видно вознемирена од нападот.

На напаѓачот ќе му биде поднесена кривична пријава за нарушување на јавниот ред и мир, а кога полицијата ќе ги добие болничките извештаи од повредените насилникот ќе биде гонет и кривично.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1