Луѓе кои се преставиле како ОБСЕ во април биле во Македонија и му поставиле ултиматум на Груевски


Kон крајот на април претставници на ОБСЕ дошле во Скопје без овластување од организацијата и имале средби со владата на која и се преставиле дека се пратени од „мисија на ОБСЕ” притоа испорачувајќи му на Груевски некои барања и рецепти, изјави  рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, на дебатата во Советот на Руската Федерација. Лавров во дебатата нагласил дека Москва има оперативни информации поврзани со она што се случува во Македонија и целата ситуација е наметната од западот во обид да направи нова Украинска револуција, смета Лавров. Според него во Скопје дошле 5/6 преставници.

,, In late April, there was even a visit organised for permanent representatives of several Western countries and the EU with the OSCE. Some five or six officials without a mandate from the OSCE Permanent Council went to Skopje, called themselves “an OSCE mission”, and presented some “recipes” and demands for Nikola Gruevski. To prevent similar activity in the future, we made a request with the OSCE headquarters, the OSCE Secretary General and the OSCE Chairman (current Foreign Minister of Serbia Ivica Dačić) to deal with this matter and explain how anything like this could have happened. lavrov

Бидејќи има голем број од само прогласени медиатори јас вчера на комитетот на министри на советот на Европа предложив Генералниот секретар на советот на европа, а можеби исто така и генералниот секретар на ОБСЕ да ја посетат Македонија и да зборуваат со сите партиципиенти во процесот, рече Лавров

„ таквите цели се тестираат на Балканот, поточно во Македонија, каде ситуацијата може секој час да ескалира поради обидите да се вмешаат надворешни фактори во внатрешнополитичката ситуација на оваа земја. Неопходно е генералниот секретар да го посети Скопје заради нормализација на ситуацијата, држејќи се притоа до принципите и вредностите на нашата органиација“, изјави Лавров, а пренесува РИА „Новости“.

Изјавата на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров кој отворено го обвини западот дека подготвува конфликт во Македонија  силно ја вознемири меѓународната политичка сцена.  Уште повознемирувачки е што Лавров предвидува поделба на Македонија и остварување на планот за голема Албанија.

Сега почна да се зборува дека Македонија треба уште подлабоко да биде федерализирана, да се направи лабава федерација, можеби дури и како конфедерација, дури се зборува за тоа, зошто да не се подели како вештачка држава, еден дел да се даде на Бугарија, а друг на Албанија, изјави Лавров

Дури и од Тирана, премиерот на Албанија сега настапува со пароли за ,,Голема Албанија,,  – иако при тоа не зборува за Македонија, туку во поширок план.

Реагираше само официјална Софија , дека ова е неодговорна изјава и дека Бугарија го подржува територијалниот интегритет на Македонија. Аналитичарите се согласуваат дека во тек е сценарио кое се остварува врз грбот на Македонија. Во тој контекст за Арсим  Зеколи  изјавата на Лавров е потпалувачка.

Според Лавров, се прават напори Владата на Груевски да биде обвинета дека не ги исполнува обврските кон народот, но зад тоа всушност се крие „желбата да се изврши притисок во врска со неговото одбивање да се приклучи кон санкциите против Русија и во врска со поддршката за „Јужен тек“ и подготвеноста за соработка при реализацијата на други алтернативи за транспорт на гориво, вклучувајќи го и таканаречениот „Турски тек“.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1