Светски познатиот физичар Стивен Хокинг тврди дека човештвото требало да колонизира други планети како би обезбедило опстанок на видот.
Тој смета дека вооружен судир би можел да стави точка на нашата цивилизација и дека патувањето во вселената би било решение.
Тој во лондонскиот Музеј на наука рекол дека колонизацијата на други светови би била „животно осигурување“ за што и да остане од човечката раса после нуклеарна апокалипса.
Тој верува дека вселената мора ра претставува долгорочна иднина за човештвото.