Иднината на човекот ќе се разликува од сегашноста во која живее. Научниците предвидуваат дека доколку продолжиме да се движиме во овој правец, за 200.000 години ќе бидеме повеќе болни, ќе ги изгубиме прстите на стапалата, ќе имаме поинаков мозок, ситни заби и сите ќе припаѓаме на една единствена раса. Еволуцијата не е прекината.
Иако не сме доволно долго за да бидеме сведоци на големите промени, можеме да очекуваме дека човечката раса, како што ќе минува времето, ќе поседува докази дека се менуваме. Научниците предвидуваат дека доколку продолжиме да се движиме по овој пат во наредните 200.000 години не очекуваат големи промени.
Единствена раса:
Мултикултурализам е сржта на модерното друштво, па создавањето на единствена човечка раса нема да дојде како изненадување, тврдат научниците. Културите ќе продолжат да се мешаат, а со понатамошното вкрстување на различни раси, разликата во изгледот, но и друштвените норми ќе биде се помала. Една од предностите на ова ќе биде недостатокот на расизам.
Ослабен имунитет:
Се повеќе сме зависни од медицината. Поради тоа имунитетот слабее и неговата улога ја преземаат лековите. Се претпоставува дека по неколку стотина илјади години и лачењето хормони во телото ќе стане излишно. Луѓето во иднината ќе ги земаат како додаток во исхраната, поради полесна регулација. Предноста е долг животен век, но и поголем број на болести.
Мускулно слабеење:
Постојат две причини за потстепено слабеење на мускулите кај луѓето. Првата е ослонување на технологијата, а особено онаа која ја заменува работата на мускулите, како автомобилите поради кои човекот се помалку пешачи. Поголем период поминат во седење исто така предизвикува слабеење на мускулите. Втората причина е значително екстремна, а се ослонува на претпоставките дека во иднина ќе имаме повеќе време да поминеме во вселената. Како и денешните астронаути, многу малку ќе ги активираме мускулите.
Се поголем број на високи луѓе:
Во последните два века, просечната висина на мажите и жените драстично е зголемена, и изнесува дури 10 сантиметри повисока отколку пред десет години. Научниците тврдат дека главната причина е достапноста на нутритивната богата храна. Гладдта долг период представуваше препрека во тежнеењето за висината, па додека има храна, растот ќе продолжи, а границите не се назираат.
Се помалку влакна:
Луѓето некогаш биле значително повлакнести него денес. Трендот на губење на влакната ќе се намали, како резултат на трајните депилации. Прераспределба на содржината во мозокот: Технологијата веќе влијаела на работата на човечкиот мозок, а тоа и ќе продолжи. Мозокот работи како машина која ги складира одредени информации наместо само да ги памти. Така информациите во мозокот се наоѓаат на различни места и тој почнува да функционира како Google и Vikipedia.
Ситни заби:
Очигледна промена на човечката вилица ќе биде исчезнувањето на умниците кои немаат никавка придобивка кај модерниот човек. Така може да се очекува и намалување на забите. Едно истражување покажа дека веќе половина од забите се намалени во последните 100.000 години. Со намалувањето на забите ќе се намали и вилицата.
Помалку прсти:
Пред човекот да се исправи, прстите на нозете ја имале истата функција како и онаа на рацете. Денес ножниот палец и повеќе прсти помагаат во одржување на рамнотежата при одењето. Па оттука најмалиот ножен прст повеќе ќе нема никаква функција. Оттука се јавува опасноста од гмечење на истите, па оттука научниците предупредуваат дека би можеле да имаме во иднина и по четири прста на стапалата.
Помал и поголем волумен на главата:
Човечката глава со сигурност ќе се менува, а прашањето е само како. Една група научници смета дека ќе биде помала, поради поминувањето на новороденето низ породителниот канал, па оттука не може да биде поголема од колку што е. Противниците на оваа теза веруваат дека истата ќе се зголеми поради растот на мозокот и тврдат дека во иднина пораѓањето со царски рез ќе се користи се повеќе.
Поправки на себе:
Луѓето во иднината би можеле да си предизвикаат самостојно еволутивни промени кај себе со употреба на технологијата, како што е примерот со болничките органи, селекцијата на гените кај планираните потомства, дизајнирање на гените за одредени вештини и создавање на отпорност на одредени болести.