Веќе неколку години вниманието на научниците е насочено кон “тајмингот” на сонот, особено на врската помеѓу сонот и интелегенцијата.
Сатоши Каназава и неговите колеги од Лондонската школа за економија открија дека времето во кое луѓето одат во кревет во голема мера зависи од нивниот коефициент на интелегенција.
Нашите предци биле “дневни” луѓе, но развојот на ноќните активности доведе до “нова еволутивна преференција” на која се склони поинтелегентните луѓе и која сведочи за “повисокото ниво на когнитивната комплексност”.
Оваа студија се коси со општо прифатеното мислење дека “светот припаѓа на оние кои рано ранат”, како и досегашните истражувања кои покажуваа дека оние кои се будни ноќно време најчесто се несигурни луѓе, емоционално нестабилни и склони кон депресија и разни зависности.
Претходно е докажано дека недостатокот на сон може да предизвика хипертензија, дебелина и генерално намалување на животниот век, додека поспаноста, од друга страна, ја намалува менталната способност и често доведува до сообраќајни несреќи.