Трикови: како лакот за нокти да ви трае подолго


Негуваните нокти се еден од главните адути на женската убавина. Голем дел од жените одат на маникир, но ако ноктите ги лакирате сами, тогаш најголем проблем сигурно ви е долготрајноста. Дури и скапите лакови имаат еден недостаток – траат кратко на ноктите и веќе по неколку дена почнуваат да се лупат. Еве неколку многу едноставни трикови кои секако вреди да се пробаат.

lak nokti

Подгответе ги ноктите
Пред нанесување на лак секогаш треба да ги исчистите ноктите со ацетон кој го отстранува лакот, дури и ако немате налакирани нокти пред тоа. Имено, ноктите имаат своја природна маснотија која ги штити, а таа маснотија го скусува векот на траење на лакот на ноктите, па пред лакирање треба да се отстрани.

Нанесете темелен лак
Лакот за нокти подобро ќе се „фати“ ако прво нанесете темелен лак за нокти. Темелните лакови не се скапи и се добар избор бидејќи ги пополнуваат празнините на ноктите и лакот го прават поотпорен со што му се продолжува векот на траење на ноктите и до неколку дена. Исто така, може да нанесете и топ-коат, т.е. завршен лак.

Лакирајте ги ноктите по туширање
Имајќи пред вид дека топлата вода не одговара на свежо налакирани нокти, нанесете го лакот по туширање ако сакате да ви трае подолго и да остане со сјај и неоштетен. Имено, наглата промена на температурата и пареата од топлата вода ја менуваат структурата на лакот па тој може да испука.

Разладете ги ноктите
Ладниот воздух го згуснува лакот, додека топлината го прави редок. Поради тоа лакирајте ги ноктите што подалеку од радијатор. Лакот подобро ќе се фиксира за ноктот или базата ако го нанесете на студено место. Добро е пред користење на лакот тој да се стави во фрижидер еден час, бидејќи така полесно се нанесува.

Бирајте светли и металик нијанси
Кај потемните нијанси на лакови за нокти полесно се забележува секоја гребаница на ноктите, па подобро бирајте посветли нијанси. Исто така, познато е дека лаковите кои во себе содржат светликави точки или ситни зрнца подолго траат, но и изгледаат многу гламурозно. Единствен недостаток им е што многу потешко се бришат, но понекогаш се исплати ако сакате лакот да ви трае што подолго.

Бидете трпеливи кога лакот ќе се исуши
Кога ќе ги налакирате ноктите, бидете мирни и не правете ништо со рацете барем 20 минути. Гледајте телевизија или едноставно мирно седете. Откако лакот ќе се исуши, ставете ги ноктите под млаз на студена вода, бидејќи со тоа се забрзува зацврстувањето на лакот, а вашите нокти ќе бидат поотпорни на гребаници.

Мачкајте ги ноктите со масло
Купете хранливо масло за нокти и секојдневно мачкајте ги своите нокти. Ноктите ќе бидат поубави и поцврсти, а и лакот ќе ви трае многу подолго.

ZaSe.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1