Луѓето со тетоважи треба да бараат прошка од Бога


Дирекцијата за верски прашања на Турција соопшти дека луѓето кои имаат тетоважи, пракса, која често пати е осудувана од турскиот исламистичко конзервативен претседател Реџеп Таип Ердоган, треба да го молаг Бог за да им прости за тоа

tetovazi

– Тетоважите се забранети од нашата религија, се наведува во соопштение на Дирекцијата.
Оваа институција ги повика сите тетовирани лица да се ослободат од тетоважите или во спротивно да го молат Бог за прошка и да се појакат, пишува весникот „Милиет“.

И покрај тоа што повеќето муслимани ги сметаат тетоважите за грев, тие стануваат се попопуларни, особено меѓу младите, јавуваат западни медиуми.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1