ДЕТАЛИ: Кои се убиените браќа Куаши кои го извршија масакрот во Париз?


Саид и Шериф Куаши, кои се убиени денеска по терористичкиот напад во весникот „Шарли ебдо“, во кој пак се убиени 12 лица, индоктринирани се во 2000 година, пишува Нетпрес. Постариот Кауши одел во Јемен на обука со оружје, а помладиот сакал да оди во џихад во Ирак.

Шериф е веќе осудуван во 2008 година и е познат на антитерористичката француска служба. И двајцата браќа со години се на американската црна листа на терористи.pariz teroristi

Истрагата за мрежата на млади џихадисти во Ирак, во која бил и Шериф, покажале дека тој, според сведочењата е „момче бесен на неверниците“ и дури во 2000 година зборувал дека е подготвен да „реагира во Франција“.

Но, неговите соседи го опишуваат како љубезна личност подготвена да помогне. Кажале и дека сопругата на Шериф, секогаш излегувала целосно покриена со муслимански вел и дека едвај и’ се гледале очите.

Шериф секој петок одел во џамија. Претседателот на здружението на џамијата, Мухамед Бенали кажал дека никогаш не покажувал знаци на радикализација. Сепак, Бенали кажал дека предпретседателските избори во 2012 година имал испад кога имамот при молитвата побарал сите да појдат на гласање.

„Шериф не се согласил. Демонстративно ја напуштил џамијата. Чуварите морале да интервенираат за да го смират“, рекол Бенали.уб

Неговиот постар брат, Саид, е подискретен, но во 2011 година бил во Јемен на обука за ракување со оружје, кажал неименувано американско официјално лице.

Французи со алжирско потекло, браќата Кауши израснале во центар за деца без родители. Претставниците на домот навеле дека тогаш тие не биле проблематични.

На почетокот на 2000 година, Шериф почнува да посетува часови по учење на Куранот. Неговиот учител, Фарид Бенијету, кажал дека Шериф често споменувал дека не е „доволно добар муслиман“, бидејќи понекогаш косумирал канабис.

Бенијети го опишал Шериф како „многу импулсивно и агресивено“ момче, бидејќи му велел дека сака да ја нападне еврејската заедница во Париз, пред да замине на џихад во Ирак.teroristi pariz

Според полициската истрага Бенијету го упатил Шериф да се придружи на групата „Абуа Мусаба ел Заркајуа“, лидери на огранокот на Ал каеда во Ирак. Шериф кој им бил лут на Американците кои ги мачат Ирачаните, сепак не отишол во Ирак, бидејќи е уапсн пред да полета за Сирија, во 2005 година.

Тогаш е осуден на три години затвор. Шериф во затворот го запознава Џамал Бегал, радикален исламист во Франција. Од тогаш тој применува ригорозен ислам.

Неговиот постар брат Саид, кој бил подискретен, живеел со сопругата со која имал едно дете. Според сознанијата на САД, во 2011 година бил во Јемен, каде како член на Ал Каеда, се обучувал како да користи оружје.

Шериф исто така имал свој инструктор за употреба на оружје, но во Париз.

И двајцата знаеле да ракуваат со калашников, оружје со кое убија 12 лица при нападот на сатиричниот француски неделник.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1