Лука Бечковиќ му прости на возачот кој му ги усмрти пријателите


Лука Вишниќ синот на новинарката и актерка Оља Бечковиќ откако денес беше сослушан во Висшиот суд во Белград околу случајот за судењето на 20-годишниот Душан Јовановиќ, обвинет дека под дејство на алкохол слетал со автомобилот во Дунав и усмртил три лица, истакнал дека му простува на обвинетиот.soobrakajka-dunav500

Во несреќата загинаа Немања Антиќ (18), Анастасија Стајиќ (16) и Милош Јанковиќ (20) а полесно повредени се Лука Вишниќ (18) и Милица Јокиќ (18). А пијаниот возач Душан Јовановиќ (19) помина без повреди.

Лука денеска во судот се изјаснил дека не се приклучува кон кривичното гонење на Душан.1dunavnesreka

– Не знам точно со колкава брзина се движевме кога тргнавме по улицата која водеше до реката. Се сеќавам дека возеше брзо, но не можам да оценам точно бидејќи патот беше во лоша состојба, изјавил Вишниќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1