Во градот Вилц маж со автомобил се забил во група пешаци и притоа го убил својот двогодишен син.
Во инцидентот повредени се уште четири лица, вклучувајќи и мало дете кое има полесни повреди, изјавил јавниот обвинител.
Истражителите се сомневаат на семејна расправија бидејќи меѓу ранетите е и поранешната партнерка на сторителот.
Повредените луѓе пренесени се во болница.
Според сведоците, мажот (47) намерно со автомобилот се забил во групата пешаци на тротоарот.
Во групата биле две мајки со колички и уште еден пешак, изјавил портпаролот на обвинителот.
Осомничениот е уапсен.