Нови 30 дена притвор за eксдиректорот на УБК, Владимир Атанасовски


Кривичниот суд во Скопје на поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски денеска му го продолжи притворот за нови 30 дена.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција го осомнични Атанасовски за кривичното дело „здружување заради непријателска дејност“, откако на минатогодишните рочишта на судењето за настаните од 27 април, дел од обвинетите го посочија како организатор на насилниот упад во собранието, заедно со други лица.

Владимир Атанасовски на чело на УБК застана на крајот на 2016 година, кога од функцијата замина тогашниот директор, Сашо Мијалков, кој пак, два дена пред нова година беше пуштен во куќен притвор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1