Луксузен брод останал без гориво – мириса на урина, тепачка за храна (Видео)


Луксузниот брод “Карнивал Триумф” во неделата останал без гориво среде Мексиканскиот залив, по пожарот кој избил во погонскиот дел на бродот.

kruzer brodСветските медиуми јавуваат дека состојбата на бродот е драматична – снемало струја, не работат тушевите, тоалетите и клима уредите. Патниците по 4 часа чекаат во ред за храна, а избиле и првите тепачки за храната бидејќи полека се чуствува недостиг.

Патниците спијат на палубата затоа што во кабините е неиздржливо топло, вода тече од запушените санитарни одводи, теписите во кабините се натопени со урина, а фекалии истекуваат по ѕидовите.

Carnival-TriumphБрод кој припаѓа на истата компанија заминал во помош на застанатиот брод, но само за да достави храна и чамци за спасување.

Шефот, на компанијата, Џери Кејхил вети дека на сите патници ќе им бидат вратени парите, вклучувајќи ги сите пари со кои купувале на бродот, освен парите потрошени за сувенири и во казината.

Патниците ќе добијат и бон за идно патување во вредност од ова кое пропадна. Компанијата е сопственик на потонатиот брод “Коста Конкордија”. 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1