ЛУНА ПАРК: Догодина пристигнуваат новите реквизити, Градот најавува обнова на забавата


Следната година конечно ќе започне изградбата на новиот долгоочекуван и најавуван Луна парк. Град Скопје од буџетот за 2016 година ќе издвои околу 60 милиони денари за набавка на реквизити, а наскоро ќе биде распишан и тендер за тоа.

luna5

На конкурсот за избор на фирма што ќе го изработува основниот проект за новиот Луна парк, победи тимот „Лунар”, составен од младите архитекти Kлимент Патчев, Филип Kонески, Марјан Димиќ и Борис Јурмовски-Борко.

Забавниот парк, како што претходно беше најавено, ќе понуди и лежерни и адреналински содржини привлечни за сите генерации.

Според решението, главен симбол врз кој се темели изработката на Луна паркот е Месечината. Таа ќе биде лоцирана над едукативниот центар, ќе биде илуминирана и ќе доминира физички над паркот.proektlunapark(1)

Целата површина на забавниот парк е дефинирана со смелиот потег на „лудата железница“, која создава единствена атмосфера во внатрешноста.

Реквизитите, според идејното решение, се организирани во зависност од тоа дали се од детски, едукативен, фамилијарен или адреналински тип.

За да се ослободи површина за дополнителни содржини, возот ќе биде подигнат на столбови, а се предвидува и едукативен и мултимедијален центар.

Предвидена е и набљудувачка кула во која ќе има ресторан. Таа е позиционирана во пресечната точка на пошироката околина, каде што од висина ќе има можност да се набљудува целиот забавен парк, стариот и новиот дел на Градскиот парк и Зоолошката градина, како содржини на еден релаксирачки комплекс.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1