Од денес парно греење – ќе греат до 22 часот


Од денес, 15 октомври, официјално почнува грејната сезона. Од „Балкан енерџи груп“ за „Мета велат дека сè е подготвено за почетокот на грејната сезона и дека граѓаните ќе добијат парно доколку температурата по 21 часот падне под 12 степени.

parno

Според последните одлуки на Регулаторна комисија за енергетика, времето на греење се продолжува за еден час и наместо до 21 часот, граѓаните ќе имаат парно до 22 часот.

Новина е што нема да се чека температурата да се спушти под 12 Целзиусови степени три последователни дена, туку парно ќе има ако прогнозата на УХМР за следниот ден предвидува температура пониска од 12 степени.

Со последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, која беше соопштена кон крајот на јули, граѓаните што се приклучени на системот за парно греење на „Балкан енерџи груп“ ќе плаќаат поевтино парно за 0,19 проценти, на „ЕЛЕМ енергетика“ за 0,86 проценти, а сметките на „Скопје Север“ АД ќе останат исти.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1