Поранешен новинар на весникот Нова македонија кој бил кандидат за пратеник на параламентарните избори во 2011 – тата година е прогласен за соработник на тајните служби.
Од комисијата за верификација на факти велат дека пред изборите новинарот добил потврда дека не е соработник, но комисијата открила нови докази со кои сега ќе го измени решението, а новинарот ќе биде прогласен за соработник и нема да смее да се занимава со било каква јавна функција.
Станува збор за новинар кој соработувал со службите во периодот од 68 – та година до почетокот на 80 – сетитите години, тој како новинар добивал многу награди а соробатувал на линија на сепаратизам и национализам.