36- годишна жена толку се изнервирала , додека му објаснувала домашна задача по математика на својот син основец, што доживеала срцев удар и итно била пренесена во болница.
Една мајка од Кина, која е наведена во медимите по презимето Ванг, беше пренесена во болница на 1 ноември откако доживеала срцев удар додека ја работела домашната работа со нејзиниот 9-годишен син.
Таа, наводно, му објаснувала на својот син математички проблем и била толку фрустрирана што нејзиното срце за момент ја изневерило. „Му објаснив многу пати, но тој сè уште не разбираше. Бев толку лута што можев да експлодирам“, им рече Ванг на кинеските новинари.
„Одеднаш срцето почна силно да ми чука и не можев да дишам правилно“.
За среќа, Ванг набрзина сфатила дека нешто сериозно се случува и го повикала сопругот, кој веднаш ја однел во болница. Лекарите дијагностицирале дека младата мајка има срцев удар и рекле дека е среќна затоа што ја донеле толку брзо во болницата.
Ванг, која секој ден му помага на својот син во домашните задачи, призна дека честопати се вознемирувала поради тоа што на синот му е тешко да разбере некои работи што постојано му ги објаснувала, но никогаш не замислувала дека нејзиниот гнев ќе има толку сериозни последици по нејзиното здравје. Таа сè уште закрепнува во болницата, пренесува Oddity Central.
“Тоа се случува кај младите родители. Ако не е заради неурамнотежена диета, тогаш тоа е предизвикано од емоции. Повеќето пациенти кои имаат ваков проблем се млади мајки”, изјави докторот Ксиахуе.