Ма каков Египет најстарата пирамида се наоѓа во Босна – Научниците потврдија


Пирамидата Сонце во Високо е стара 29.000 години, и со тоа е најстарата пирамида во светот, покажуваат најновите истражувања. Ова го потврди основачот на Фондацијата „Археолошки парк”, Семир Османагиќ.

bosanska-piramida-visoko-02-564x272Четвртата меѓународна научна конференција за босанските пирамиди „Скриена историја“, која почна на 4 септември во организација на Фондацијата „Археолошки парк: босанска пирамида на сонцето“ беше посветена на оваа пирамида.

Основачот на фондацијата, Семир Османагиќ, вели дека оваа година експертите ги претставиле своите анализи, лабораториски испитувања и радиокарбонски датирања.

– Оваа година најважната вест е дека е потврдена прецизната старост на босанската пирамида на сонцето. После радиокарбонското датирање на примерокот пронајден под бетонските блокови на пирамидата, утврдено е дека станува збор за старост од 29.000 години, плус-минус 400 години. Потврдено е дека ова е најстарата пирамида во светот – рекол тој.

Во текот на оваа археолошка сезона, како што рекол, пронајден е и досега најголемиот мегалит во подземниот тунел, мегалитот К-5, кој има маса од околу 40 тони.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1